РЖ Услуги првиот квартал го заврши со 1,8 милиони денари добивка

55

rz-uslugi

РЖ Услуги, во период од први јануари до 31-ви март оваа година, евидентираше вкупна сеопфатна добивка од 1.880.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во првото тримесечје од 2016 година, компанијата прикажа загуба од 475.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 31-ви март оваа година достигнаа вредност од 35.874.000 денари. Една година претходно вкупните приходи од продажба беа на ниво од 29.852.000 денари.

РЖ Услуги се занимава со собирање, прочистување, производство и дистрибуција на вода за пиење и индустриска вода.