САД добија дозвола да воведат контра – тарифи кон ЕУ

29

Светската трговска организација (World trade organization – WTO) формално им даде дозвола на САД да воведат тарифа на увоз од ЕУ во висина од 7,5 милијарди долари, пишува Ројтерс.

Претходно, комисијата на WTO донесе конечна пресуда во случајот поврзан со субвенции за европскиот производител на авиони – Airbus. Комисијата, составена од претставници од 164 земји членки, одобрија Вашингтон да преземе контрамерки против ЕУ и земјите во коишто Airbus има производство – Велика Британија, Франција, Германија и Шпанија