
Американските федерални регулатори ја обвинија Банката на Америка дека им наштетила на своите клиенти со двојни наплати за иста услуга (double dipping), задржување награди за користење кредитни картички и отворање лажни сметки.
Бирото за финансиска заштита на потрошувачите (CFPB) му нареди на BAC да плати повеќе од 100 милиони долари на клиентите, како и парична казна од 90 милиони долари, пренесува Танјуг, повикувајќи се на CNN.
Шефот на CFPB, Рохит Чопра, рече дека активностите на Банката на Америка се „нелегални“ и „ја поткопуваат довербата на потрошувачите“.
Потсетува на скандалот со банката Велс Фарго
„CFPB ќе стави крај на оваа практика низ банкарскиот систем“, рече тој.
Канцеларијата на контролорот на валутата, исто така, нареди дека BAC мора да плати казна од 60 милиони долари.
Си-Ен-Ен наведува дека некои од обвинувањата потсетуваат на таканаречениот скандал Велс Фарго од минатата деценија, кога банката, меѓу другото, отворила милиони банкарски сметки без согласност на клиентите.











