САД имаат 8.134, а Македонија помалку од седум тони од овој благороден метал

31

Соединетите Американски Држави го имаат рекордот по најголема количина на злато што ја има една земја во светот. Според податоците на Trending Economics, САД располагаат со 8.134 тони.

Меѓу топ 10 земји во светот со најголеми златни резерви се и: Германија (3.364 тони), Италија (2.452 тони), Франција (2.436 тони), Русија (2.300 тони), Кина (1.948 тони), Швајцарија (1.040 тони), Јапонија (765 тони), Индија (658 тони) и Холандија (612 тони).

Од земјите во регионот, најмногу злато има Грција (114 тони), по што следуваат: Бугарија (40,8 тони), Србија (31,3 тони), Македонија (6,9 тони), Словенија (3,2 тони), Босна и Херцеговина (три тони), Албанија (2,8 тони).

Има и такви земји коишто немаат ниту еден килограм злато како резерви, а меѓу нив се: Никарагва, Кенија, Коста Рика, Канада, Камерон, Азербејџан…

Фото: Pixabay