САД ќе ги задржат постоечките рестрикции за меѓународни патувања

7

САД ќе ги задржат постоечките рестрикции за меѓународни патувања и покрај барањата за реципроцитет којшто во најголема мера доаѓа од Европската унија.

“Ќе го задржиме постоечкото ниво на рестрикции за патувања“, рекла Џен Песаки, портпаролка на Белата куќа.

Како причина за задржување на таквата е одлука е делта сојот на коронавирусот што којшто се шири со засилено темпо и во САД и во странство.

Додека земјите од Европската унија одлучија да ги отворат своите граници за патници од Америка, под услов да се вакцинирани или да имаат негативен тест, САД веќе цела година ги држи рампите спуштени за жителите на ЕУ.

Канада, исто така, одлучи повторно да ги отвори границите од деветти август за американските граѓани и оние кои имаат постојан престој во САД, под услов да се вакцинирани.

Вашингтон објави дека е формирана работна група со Канада, Мексико, ЕУ и Велика Британија што ќе се занимава со прашања поврзани со меѓународни патувања.

Американскиот центар за контрола и превенција од болести предупреди на патувања во Шпанија, Португалија, Куба, Кипар и Киргистан, поради зголемен број на заразени во тие земји. Инаку, Шпанија во јуни ги отвори границите за американски туристи.

Одлуката за продолжување на рестрикциите ќе се одрази врз работата на американските авиокомпании и на туристичката индустрија коишто се надевале на подобри резултати ова лето, во споредба со минатото.

САД во овој момент го забранува влезот на неамерикански граѓани кои во последните 14 дена биле во Велика Британија, некоја од 26-те земји на Шенген или во Ирска, Кина, Индија, Јужноафриканска Република, Иран и Бразил.

Фото: Pexels