
Министерот за енергетика на САД, Крис Рајт, се закани дека Вашингтон би можел да се повлече од Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), оценувајќи дека работата на организацијата за промовирање на обновливи извори и зелената транзиција е во конфликт со енергетската политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која им дава приоритет на фосилните горива.
Зборувајќи на конференцијата на Францускиот институт за меѓународни односи во Париз, Рајт ја обвини агенцијата дека се однесува како „организација за застапување на климата“ и рече дека треба да се фокусира на енергетската безбедност, објави бриселски „Политико“.
„Ако голем број агенции за известување за податоци се посветат на вакви левичарски фантазии, тоа може само да ја изопачи нивната мисија“, рече Рајт, додавајќи дека „на светот не му е потребен сценарио со нулта нето емисии“ бидејќи, како што рече, таквата цел е нереална.











