САД купуваат уште 100 милиони дози од вакцината на Pfizer

10

САД купуваат уште 100 милиони дози од вакцината на Pfizer и BioNTech против коронавирусот што ќе пристигнат до јули следната година, соопшти Пентагон.

По оваа нарачка, САД ќе имаат 400 милиони дози, половина од нив од Pfizer и половина од Moderna со што ќе се имунизираат 200 милиони луѓе, бидејќи двете вакцини се даваат двапати во период од еден месец.

Американската влада по договор има можност да купи уште 400 милиони дози од вакцината на Pfizer, бидејќи администрацијата беше цел на критики дека не обезбедила доволна количина на вакцините.

САД планираат да вакцинираат 20 милиони луѓе во текот на декември, давајќи им предност на здравствените работници и штитеници на домови за стари лица.

Фото: Freepik