САД, Нов Зеланд и Канада – три земји најпогодни за жени претприемачи

39

САД, Нов Зеланд и Канада се три земји коишто нудат најдобри можности за жените претприемачи, покажува истражување на Mastercard.

Меѓу 10-те земји што се најдобри за жени кои водат сопствен бизнис се: Израел, Ирска, Тајван, Швајцарија, Сингапур, Велика Британија и Полска.

Mastercard index of women entrepreneurship за оваа година ги идентификуван пазарите на коишто жените претприемачи ќе дадат најдобри резултати, истовремено потсетувајќи дека и понатаму постојат значајни нееднаквости меѓу мажите и жените.

Анализата, исто така, покажува во кои земји е најголем процентот на жени сопственици на бизниси во однос на мажите. Па така, Уганда е лидер по тоа што 38,2% од бизнисите во земјата се во сопственост на жени. Во Гана тој процент е 37,9%, додека во Боцвана 36%. Четвртото и петтото место ги заземаат САД со 35,1% и Нов Зеланд со 31,8%.

Фото: Pixabay