Туризмот е дејност којашто во светски рамки носи сè поголеми приходи, а истовремено расте и бројот на луѓе кои сакаат да патуваат далеку од својата земја.
Податоците говорат дека минатата година туристи што ги посетиле Соединетите Американски Држави “оставиле“ 214 милијарди долари. Ова ги прави САД да бидат топ туристичка дестинација кога станува збор за потрошени пари.
Во топ 10 вакви дестинации влегуваат и: Шпанија (74 милијарди долари), Франција (67 милијарди долари), Тајланд (63 милијарди долари), Велика Британија (52 милијарди долари), Италија (49 милијарди долари), Австралија (45 милијарди долари), Германија (43 милијарди долари), Јапонија (41 милијарда долари) и Кина (40 милијарди долари).
Од земјите во регионот, најмногу приходи од туризам инкасира Грција – 19 милијарди долари. Втора туристичка дестинација со највисоки приходи е Хрватска (11,8 милијарди долари), а зад нејзе е Бугарија со 4,5 милијарди долари. Следуваат: Словенија (3,2 милијарди долари), Албанија (2,1 милијарди долари), Србија (1,3 милијарди долари), Црна Гора (1,1 милијарди долари), Босна и Херцеговина (939 милиони долари). Македонија од сите земји во регионот има најмала заработка од туризмот – лани се остварени 382 милиони долари.
Фото: Pixabay