САД: Прототип на 3D куќа изработен за само 12 часа

118

Компанијата S-Squared 3D Printers (SQ3D), со седиште во Њујорк, креираше прототип на куќа за само 12 часа.

SQ3D чијашто специјалност се разни машини и 3D печатачи ја креираа куќата користејќи ги истите методи како и останатите 3D печатени проекти.

Куќата е со големина од 46 метри квадратни, а беше изработена во дворот на фабриката на компанијата во Лонг Ајленд во неколку фази. Штом машината ја заврши својата работа, неколку работници се посветија на финиширањето на покривот и прозорците, пишува New Atlas.

Куќата иако за кратко време беше срушена, компанијата планира во иднина да создаде поголем дом каде што ќе може и да се престојува.

Фото:SQ3D