САД стана најголем извозен пазар на Кина

28

Кина соопшти дека САД е нејзин најголем извозен пазар. САД ја поминаа Европската унија, која поради должничката криза ја намали побарувачката.

“Најголем пазар е САД, а ЕУ е на второ место”, изјави портпаролот на министерството за трговија, Шен Данијанг.

Податоците на кинеската царинска управа за првите 10 месеци, заклучно со октомври, покажуваат дека Кина во САД извезла стоки и услуги во вредност од 289,3 милијарди долари. Извозот во ЕУ достигнал вредност од 276,8 милијарди долари.

Слабата побарувачка од Европа и САД силно влијаеше врз економскиот раст на Кина, кој успорува во изминатите седум тримесечја. Американската економија и понатаму споро расте, додека должничката криза ја турна еврозоната назад во рецесија.