САД за инфраструктурни проекти ќе потроши 1.200 милијарди долари

28

Американскиот претседател, Џо Бајден го поддржа планот на Сенатот за инвестирање стотина милијарди долари во инфраструктурни проекти, изградба на патишта, мостови, автопати и поддршка на економијата.

“Постигнавме договор“, рекол Бајден пред новинарите пред Белата куќа, каде што биле и демократски и републикански сенатори, кои го утврдиле осумгодишниот предлог вреден 1.200 милијарди долари.

Бајден рекол дека “сите не го добиле сите она што го сакале и дека другите приоритети на Белата куќа ќе бидат дел од одвоен буџетски процес“, пренесува Гласот на Америка.

Според него, пет демократи и пет републиканци ги здружиле силите и направиле договор околу инфраструктурата којшто ќе донесе отворање на милиони работни места во САД.

Фото: Pexels