Саем на здрава храна во Богомила

29

Во организација на општината и ООУ Петре Поп Арсов, денес во Богомила денес ќе се одржи 7-от Саем на здрава храна Поблиску до природата.

Организаторите на саемот, кој е со хуманитарен карактер велат дека целта е да се промовираат производите одгледани во еколошка средини.

За време на самот локални земјоделци ќе ги презентираат и продаваат земјоделски производи од регионот на Општина Чашка, која што важи за еколошко место каде се произведува здрава храна. Посетителите на Саемот ќе можат и да вкусат и локални специјалитети од овој регион.

Саемот на здрава храна првпат се одржа во 2007 во селото Богомила. Следните години ќе се одржи во селата Извор, Теово, Согле, Богомила и Оморани.