Саем за автомобили во Женева дури во 2022 година

43

Организаторите на Меѓународниот саем на автомобили во Женева соопштија дека нема да се организира саем во 2021 година.

Организаторите наведуваат дека повеќето анкетирани излагачи се изјасниле дека не би учествувале на саем организиран во 2021 година и дека повеќе би сакале саемот да се одржи во 2022 година, соопшти Reuters.

Автомобилскиот сектор моментално поминува низ тешка фаза, а на излагачите им треба време да закрепнат од ефектите на пандемијата, наведоа од одборот на Фондацијата на Меѓународниот саем на автомобили.

Фото: Pixabay