Во периодот од 25 до 28 мај на надворешниот изложбен простор на Скопски саем, на изложбена површина од 2.500 метри квадратни ќе се претстават импортерите на товарни и комерцијални возила, компании кои вршат услужни дејности и компании од пратечката индустрија за товарните возила.
На саемот ќе се претстават следните брендови/компании:
- Schmitz Cargobull (овластен импортер Шмиц Каргобул Македонија)
- Mercedes Benz (официјален застапник МакАутоСтар)
- Iveco (преку овластениот импортер Cargomax)
- DAF (овластен импортер ДМ Транс)
- Kogel (овластен импортер ДМ Транс)
- Krone (овластен импортер Траилер центар Југ-исток)
- Volvo (преку овластениот импортер Волво Македонија)
- Scania (претставени преку овластениот импортер Сканиа Македонија)
- Great wall (претставени преку овластениот импортер Толту моторс)
- Мотоцентар (увозник на водечки брендови на гуми)
Деловните посетители и граѓаните ќе може да видат брендови на импортери на товарни возила од светска класа, со влекачи, камиони, но и приклучни возила, односно приколки и полуприколки, како и доставни возила. Саемот обезбедува богат избор на возила со висок квалитет, модерен дизајн, економични со достапни цени, долговечна употреба и ниски трошоци за одржување.
Партнер на манифестацијата ќе биде, веќе традиционално, СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ, најстарата транспортна асоцијација во Република Македонија.
Се очекува бројот на посетители на оваа саемска манифестација да биде околу 5.000 лица.
Работното време на саемот ќе биде од 10:00 до 18:00 часот, а влезот за посета е бесплатен.