Саем за транспорт – товарни возила по трет пат на скопски Саем

21

Од денеска до 31-ви овој месец на Скопскиот саем се одржува третиот Саем за транспорт – товарни возила.

На надворешниот изложбен простор, на вкупна површина од 2.500 метри квадратни, ќе се претстават импортерите на товарни и комерцијални возила, компании кои вршат услужни дејности и компании од пратечката индустрија за товарните возила.

Саемот обезбедува богат избор на возила со висок квалитет, модерен дизајн, економични со достапни цени, долговечна употреба и ниски трошоци за одржување.

“Очекуваме дека богатата понуда на товарни и комерцијални возила ќе биде од интерес за транспортно-логистичките компании. Ги покануваме да го посетат овој саем со специјализирана понуда“, соопшти ЕРА Групацијата.

Работното време на саемот е 10 до 18 часот, а влезот е бесплатен.

Партнер на манифестацијата е СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ, најстарата транспортна асоцијација во Република Македонија.