Сагата продолжува: Меркатор сепак оди во рацете на Тодориќ?

50

agrokor - merkatorНајголемиот словенечки трговски ланец Меркатор повторно се нуди на продажба. Според пишувањето на словенечки 24ур, хрватскиот конзорциум Агрокор на Ивица Тодориќ повторно е најсигурниот кандидат за купување на овој словенечки ланец.

Меѓу потенцијалните купувачи се наоѓаат дури 28 компании, меѓу најпознатите се Aldi, Billa, Tesco, Wall-Mart, а во играта најверојатно ќе се вклучи и хрватски Агрокор, кој ќе биде главен конкурент за преземање на Меркатор.

“Најголеми шанси за склучување договор на крајот има Агрокор”, пишува 24ур и додава дека причина за тоа е фактот што државниот словенечки врв во меѓувреме ги смени своите ставови, особено министерот за финансии Јанез Шуштершич, кој повеќе не тврди дека задржувањето на Меркатор во словенечка сопственост е од национален интерес.

Ивица Тодориќ веќе неколку пати претходно се обиде да го купи Меркатор. Минатата година Агрокор нудеше по 221 евра за акција, додека сега нејзината цена на љубљанската берза е само 116 евра.