Сајбер нападите ја чинат Русија околу 49 милијарди долари

39

Сајбер нападите оваа година ги чинеа граѓаните и фирмите во Русија околу 49 милијарди долари, објави руска Sberbank.

Во обид да ја сузбие сивата економија, Русија ги поттикна граѓаните да користат банкарски картички и да го ограничат користењето на готовина, но бројот на казнени дела поврзани со банкарски картички оваа година е шест пати зголемен, проценуваат од тамошното министерство за внатрешни работи.

Станислав Кузњецов, заменик претседател на Sberbank задолжен за надзор и безбедност, изјави дека приватните компании и граѓаните се главни мети на сајбер нападите бидејќи државните служби за безбедност се добро заштитени.

“Приватниот сектор е најранлив, на мета на напади се сите, од сметки на клиенти до финансиски податоци и тендерска документација“, смета тој.

Сајбер криминалци кои зборуваат руски дејствуваат од Германија, Украина и Венецуела, како и од Русија.

Фото: Freepik