Сакате да работите нешто друго? Тогаш сте “менувач на кариера“

75

Тобиас Шлегл имал 17 години кога станал телевизиски водиел во Келн. Избран бил а уличен кастинг и 20 години работел пред камерите, но во 2014 година посакал промена, пишува ВВС.

“Веќе не ми беше доволно да ги интервјуирам луѓето кои прават интересни работи. Си го поставив прашањето – Што правиш ти? Само знаев дека сакам да им помагам на луѓето“, вели Шлегл, кој ја напуштил работата што добро ја познавал и покрај противењето на блиските, станал болничар. Од тој момент е среќен со новата професија.

Во германскиот јазик постои збор за луѓе како Шлегл кои ја менуваат кариерата Quereinsteiger или Quereinsteigerin за жени, но тој збор тешко може да се преведе, а во буквална смисла значи “менувач на кариера“.

Иако Германија по многу прашања е традиционална и конзервативна земја, па промената на кариера може да сигнализира дека некој пропаднал или бил неуспешен во претходната професија, сепак канцеларката Меркел е можеби најпознатата Quereinsteigerin, бидејќи таа била научник пред да влезе во политиката.

Се верува дека оваа флексибилност на Германија ќе ѝ донесе подобра прилика и создавање на силна работна сила.

Фото: Freepik