Самит на професионални проектни менаџери од Балканот во Охрид

22

Охрид на 29-ти и 30-ти јуни ќе биде домаќин на првиот Самит на професионални проектни менаџери од Балканот, чија главна тема ќе биде лидерството (First Balkan Project Leadership Summit).

Станува збор за заедничка иницијатива на филијалите на Институтот за проектен менаџмент (Project management institute – PMI) од: Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романија и Македонија.

Главна цел на самитот е да се стекнат и споделат најдобрите практики од регионот, како и да дискутираат за заеднички проекти во иднина.

Меѓу гостите говорници на настанот ќе биде и Барбара Брегар – Мрзликар, која е програмски директор на CEED Global.