Само 25 земји во светот објавуваат статистика на финансиски сметки

39

Објавувањето на статистиката на финансиските сметки претставува големо достигнување за кое е потребен голем напор и посветеност при прибирањето и дисеминацијата на податоците. Ова достигнување е едно од многуте во процесот на пристапување кон највисокиот стандард за дисеминација на ММФ, СДДС плус. Само 25 земји го имаат прифатено овој стандард.

Ова го истакна директор на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Луј Марк Душарм, во своето обраќање со коешто на тимот на Народната банка упатува честитки по повод првото објавување на статистиката на финансиските сметки.

“Како што знаете, монетарната и финансиската статистика ги даваат потребните информации за носење и следење на политиките на финансискиот сектор. Со постојаната револуција на податоците и сѐ посложениот финансиски систем, се зголеми и потребата од повеќе грануларни податоци, а нашата улога како некој што подготвува податоци и статистика стана уште поважна и посложена. Покрај нашата традиционална улога на обезбедување навремени, точни и веродостојни податоци за анализа и носење политики, ние имаме улога и на кредибилен советник за корисниците и за овој нов свет, каде што изворите на податоци се зголемуваат со голема брзина“, посочува меѓу другото директорот во ММФ во своето обраќање.

Фото: Freepik