Само две секунди – толку е ефикасна рекламата

100

Само ултра кратките реклами може да ја пренесат пораката на брендот или производот, покажува истражувањето на агенцијата IPG Mediabrands направено во Холандија, пренесува Ueps.org.rs.

Студијата, што се темели на опсежно истражување на ефектите од кратко гледање на реклами врз однесувањето на потрошувачите, покажува дека само 25% од гледачите во првите неколку секунди ја регистрираат пораката што онлајн ја пренесува рекламата и тоа без јасно препознавање на брендот. Исто така, 39% од испитаниците на Facebook или Instagram ги гледаат само првите две до три секунди на спотовите што траат 20 до 30 секунди.

Според експертите, овие податоци отвораат нови предизвици за креативците.

“Потрошувачите ќе ги прескокнат, занемарат или прелистаат форматите на огласи коишто им се нудат онлајн секогаш кога се во можност. Поради тоа, уверен сум дека постои простор за ‘одлично’ огласување баш во рамки на ултра кратки формати. Тоа ќе влијае и на креативците да го променат својот начин на размислување кога се работи за толку ефикасни огласи и storytelling на интернет… Дојде време на креативното размислување да се воведе и во конвенционалните сегменти на адвертајзингот“, смета Мено ван дер Стен, главен директор за податоци и технологија во IPG Mediabrands.

Според истражувањето се вклучени ултра кратките формати на телевизиски видео реклами, во траење од две до шест секунди.

Тестирани биле две стратегии, во една верзија, видео огласите биле монтирани на основа на “човечки“ увид, каде креативниот тим ги одредува најатрактивните и најзначајните слики од подолги видеа, а во другата верзија видео огласите се базирани на научни податоци.

Податоците добиени кога станува збор за нов видео спот што трае до две секунди покажуваат дека 90% од гледачите го препознаваат производот, 98% знаат кој бренд е во прашање и 70% ја разбираат пораката.

Фото: Pexels