Само милијардерите ќе ја паметат годинава по добро

33

Милијардерите во светот оваа година станаа побогати за 1,9 билиони долари, пишува магазинот Forbes.

Нивното богатство до 11-ти септември достигна 11,4 билиони долари, што е за 20% повеќе во однос на лани, кога изнесуваше 9,5 билиони долари.

Во поглед на кумулативниот раст на богатството, кинеските милијардери се на врвот на листата на магазинот. Нивното вкупно богатство оваа година се зголеми за 50 милијарди долари на два билиони долари.

Најбогатите луѓе во САД се на второ место, откако нивното богатство годинава се зголеми за 650 милиони долари, достигнувајќи исто така два билиони долари.

Оваа година по добро ќе ја памети Илон Маск, основач на Tesla и SpaceX, кој за една година заработи 110 милијарди долари. Со богатство од 137 милијарди долари, Маск е трет на листата на милијардери на Forbes.

Француските милијардери го зголемија својот капитал за 95 милијарди долари во текот на оваа година, достигнувајќи 500 милијарди долари што ги прави трети најбогати зад Кинезите и Американците.

Фото: Freepik