Samsung Galaxy S6 прогласен за најдобар паметен телефон

50

SM-G925IZDAINS-625537-0

На Светскиот конгрес за мобилни уреди Mobile World Congress што се одржа неодамна во Барселона, Samsung Galaxy S6 edge беше прогласен за најдобар паметен телефон за 2015 година.

Освен за најдобри мобилни телефони, беа доделени награди и во неколку други категории, стои во соопштението на Samsung.

Најдобрите мобилни уреди за 2015 година, како телефони и таблети, по 21 пат ги бираше меѓународно жири составено од стручни лица од оваа индустрија. Одлуките биле донесени по неколку видео состаноци, состаноци во живо и на самиот MWC конгрес.

Така, за најдобар мобилен телефон до 100 долари е избран Xiaomi Redmi, додека наградата за најдобар таблет му припадна на Surface Pro 4 од Microsoft.