Санди Чешко продаде половина од уделот во Studio Moderna

331

Санди Чешко продаде половина од својот удел во холдингот Studio Moderna, којшто има седиште во Холандија, пренесува Пословни дневник.

“Задржав дел од компанијата поврзан со душеци и технологијата за Dormeo и Octaspring, но за западен пазар, Азија и САД. Другиот дел од приказната за мене е завршен“, вели Чешко.

Studio Moderna лани оствари приходи од скоро 470 милиони евра, по што уделот на Чешко се процени на околу 283 милиони евра.

Тој го основаше Studio Moderna во 1992 година, а неговиот партнер Бранимир Бркљач, со кој го започна проектот Top Shop во 1996 година, ја напушти компанијата пред две години. Studio Moderna е најпознато по Kosmodisk, а за кратко време стана водечка компанија за директен маркетинг во централна и источна Европа. Studio Moderna опфаќа мрежа на компании во 21 земја, со телевизиска и интернет продажба во комбинација со 438 продавници.

Чешко со години е на врвот на листите на најбогати Словенци. Минатата година, магазинот Manager го процени неговиот имот на 334 милиони евра, по што е втор најбогат Словенец, зад брачната двојка Логин.

Фото: Facebook