Sanofi и GSK ќе обезбедат 200 милиони дози од нивната ковид вакцина

49

Лабораториите Sanofi и GSK најавија дека ќе ѝ стават на располагање 200 милиони дози од својата вакцина против Ковид-19 на меѓународната програма Ковакс (Covax), што ја иницира Светската здравствена организација (СЗО) и која треба да обезбеди глобален пристап до вакцините.

Француски Sanofi и британски GSK соопштија дека потпишале писмо со Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација, кој управува со програмата Ковакс.

Двете лаборатории наводно имаат намера да стават на располагање 200 милиони дози од вакцината против Ковид-19 ако биде одобрена од регулаторните тела.

Sanofi и GSK заеднички развиваат потенцијална вакцина.

Клиничките испитувања врз луѓе почнаа во септември. Првите резултати од тестот се очекуваат на почетокот на декември 2020 година, а третата клучна фаза од тестот е планирана пред крајот на годината.

Според официјалните податоци, 184 земји се приклучија на меѓународниот систем за набавка и дистрибуција на вакцини – 92 земји со ниски и средни приходи ќе добиваат дози бесплатно, а 92 земји со високи приходи ќе ја поминат програмата Ковакс во набавките, но ќе мора да ги платат дозите од сопствен џеб.

Фото: Pixabay