Sanofi купува британска компанија за 1,45 милијарди долари

56

Францускиот производител на лекови, Sanofi ја купува британската компанија за имунотерапија Kymab за 1,45 милијарди долари, што е најновиот во низата договори во процесот на проширување на медицинскиот пазар.

Договорот според којшто Sanofi однапред ќе плати 1,1 милијарда долари, ќе му овозможи целосен пристапк до терапијата со антитела Kymab KY1005, за којашто се смета дека има потенцијал за лекување широк спектар на воспалителни пореметувања и болести поврзани со имунолошкиот систем.

Се очекува трансакцијата да биде реализирана до крајот на јуни.

Во ноември минатата година Sanofi одвои 308 милиони евра за холандската компанија Kiadis, а во август за американската компанија специјализирана за автоимуни болести Principia Biopharm за 3,7 милијарди долари.

Фото: Twitter