Saola – обувки од алги и рециклирана пластика

18

Француската компанија Saola произведува еколошки обувки од алги и рециклирана пластика. Некои модели се целосно вегански за чијашто изработка внимателно се одбрани само “дозволени“ материјали, пишува Inhabitat.

Во нивниот состав има исклучиво 100% рециклирана PET пластика, односно компанијата за изработка на еден чевел користи три до четири пластични шишиња. Врвките се направени од 100% органски памук и не содржат никакви хемикалии.

За надворешниот и внатрешниот дел на ѓонот се употребува специјална пена добиена од алги што ја прави патиката многу лесна. Исто така, во процесот на изработка се користи и плута добиена од одржливи извори без потреба да се сечат дрва.

Компанијата произведува машки и женски обувки во различни бои како сива, каралем, чоколадна, маслинеста и морнарско сина. Цената на чевлите се движи околу 100 долари.

Фото: Saola