Сашко Јованов од Стар Дојран освои рекорден милионер џек пот од 1.798.727 денари

46

Угостителскиот работник Сашко Јованов од Стар Дојран, стана сопственик на најголемиот милионер џек пот во месец август 2020. Најпосакуваната Милионер џек пот добивка на Државна Видеолотарија му донесе фантастични 1.798.727 денари. Милионер џек пот добивката е освоена на 08.08.2020 во Клуб спорт 77 Евротип 133  во Стар Дојран.

Почитувајќи ги протоколите, во Државна Видеолотарија, пристигна добитникот Сашко Јованов од Стар Дојран кој освои милионер џек пот вреден 1.798.727 денари. Фантастичната добивка ја освоил на видеолотариските терминали на 08.08.2020 во Клуб Спорт 77 Евротип во Стар Дојран. Славчо ни раскажа дека ова е неговата прва добивка, на која најмногу се радувале членовите на неговото семејство. Парите од освоениот милионер џек пот ќе ги искористи за да инвестира во семејниот бизнис.

Џек Пот добивките, Државна Видеолотарија ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото “Играј за забава“, освоени се 358 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 533.041.287 денари. Покрај нив, освоени се и 69.382 Мини Џек Пот добивки во вкупен износ од 356.735.140денари. Мини џек пот добивките се во вредност од 4.000 до 5.000 денари, додека најпосакуваната милионер џек пот добивка е вредна од 1.200.000 до 1.800.000 денари.