Саудиска Арабија ќе гради мега град вреден 500 милијарди долари

73

desert-1152456_960_720

Фото: Pixabay

Саудискиот принц Мохамед бин Салман соопшти дека планира да изгради нов град на брегот на Црвеното море што ќе се вика Неом. Планот вреден 500 милијарди долари за изградба на деловна и индустриска зона ќе биде најголем напор на кралството да не зависи од извозот на нафта, пишува Cnbc.

Фокусот во градот од 26.500 километри квадратни ќе биде ставен на индустриите, вклучувајќи енергија и вода, биотехнологија, храна, производство и забава. Планот за изградба на градот вклучува и изградба на мост преку Црвеното море што ќе го поврзува градот со Египет и останатиот дел од Африка.

Принцот, кој говореше на инвестициска конференција во Ријад, рече дека луѓето со визија ќе ги видат можностите од овој проект.

“Ова место не е за конвенционални луѓе или конвенционални компании, ова ќе биде место за сонувачи за светот”, вели саудискиот принц.

Иако е богата земја, Саудиска Арабија се бори да ги надмине ниските цени на нафтата, а принцот започна серија економски и социјални реформи.