Саудиска Арабија се закани дека ќе го блокира Скајп

23

SkypeВладата на Саудиска Арабија се закани дека ќе ги блокира апликациите за праќање пораки, како Skype, WhatsApp и Viber поради неможноста да се контролираат, пренесуваат саудиските медиуми.

Комисијата за комуникации и информатичка технологија побара од компаниите кои работат со овие апликации да ги испитаат можните начини за безбедносен надзор и им даде рок до крајот на оваа недела. Во случај да добијат одговор дека овие апликации не можат да се надгледуваат, комисијата најави дека ќе ја разгледа процедурата за нивно блокирање. Извори за саудиските медиуми навеле дека процедурата е во согласност со регулаторните постапки и нема никакви комерцијални мотиви во позадина.

Пред еден месец саудискиот министер за медиуми и култура ја потврди цензурата врз Twitter и ги повика граѓаните на подигање на свеста и придонес кон цензурата.