Саудиска Арабија со 1.300 милијарди долари ќе ја намалува зависноста од извоз на нафта

62

Нафтената компанија Saudi Aramco и петрохемиската компанија SABIC ќе го предводат приватниот сектор во Саудиска Арабија во инвестиции од 1.300 милијарди долари до 2030 година за да ја диверзифицира економијата, најави престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Целта е да се мобилизира приватниот сектор за да се намали зависноста на домашната економија од извоз на нафта, којшто генерира повеќе од половина од државните приходи. Тоа би требало да резултира со нови сектори и отворање на милиони работни места.

Владата на Саудиска Арабија е 98% сопственик во Saudi Aramco.

Инвестициите се планирани да се реализираат до 2030 година. Дел од средствата се обезбедени од Фондот за јавни инвестиции,  дел отпаѓаат на стратешки инвестиции на Саудиска Арабија, додека свој удел ќе имаат и странски инвеститори.

“Новата програма ќе му помогне на приватниот сектор да отвори стотици илјади нови работни места и да се зголеми придонесот на приватниот сектор во бруто домашниот производ и тоа за 65% од крајот на 2030 година“, најави престолонаследникот.

Владата од најголемите компании вклучени во програмата ќе побараат намалување на дивидендата за да се зголемат капиталните трошоци.

Фото: Pexels