Saunagondels: Ски-гондоли трансформирани во сауни

82

Saunagondel-by-Tarantik-Egger-2-1020x610Шведското дуо архитекти Tarantik & Egger креираа малку поинакви електрични сауни, направени од стари ски-гондоли, што можат да се постават и на места со екстремни климатски услови.  Saunagondels имаат капацитет четири лица, лесни се, лесно се транспортираат и местат и можат да се загреат до 100 степени целзиусови во ладни, снежни предели, пишува Inhabitat.

Сауните се направени со комбинирање на рамки од оригинални ски-гондоли со дрвен ентериер од сребрена ела. Секоја ски-сауна е опремена со електричен грејач од 4,5 kW којшто придонесува за топла атмосфера дури и кога надвор температурите се екстремно ниски.

Истите имаат WiFi и нудат прекрасен панорамски поглед на околината. На проектот работеа електрични инженери, столари и метало-преработувачи од реномираниот германски бренд за спортска опрема VAUDE.

Saunagondel-by-Tarantik-Egger-3-1020x610Saunagondel-by-Tarantik-Egger-8-1020x610Saunagondel-by-Tarantik-Egger-6-889x552