Сава центар во Белград оди на продажба

40

Град Белград го става на продажба конгресниот комплекс Сава центар и за него бара најмалку 25 милиони евра. Според српските медиуми, новиот сопственик во следните пет години ќе мора во обнова да вложи дополнителни 50 милиони евра и да приложи банкарска гаранција што ќе биде активирана ако не се исполни тој услов.

“Објектот е од клучна важност за развој на конгресен туризам, бидејќи таквиот вид на туристи дневно трошат двојно повеќе од вообичаените. Новиот сопственик ќе има обврска по повластени цени да го отстапи тој простор на градот за одредени манифестации“, изјави Горан Весиќ, заменик градоначалник на Белград.

Идниот сопственик нема да смее да ја менува намената на центарот, бидејќи зданието е во постапка на впишување во каталогот на културни добра.

Фото: Facebook