Sayer – преносен волан со вградена вештачка интелигенција

11

8ivonijfsxcyf47bzpniynptkqi8jd0r_sayer_image_7009_frame_400_01a_r1-1

Фото: Jaguar Land Rover

Британскиот производител на луксузни автомобили, Jaguar отиде чекор подалеку со својот најнов изум – преносен волан што се активира на гласовна команда, пишува New Atlas.

Сопственикот ќе може да го понесе Sayer со него каде и да оди. Иако сè уште е концепт, од компанијата велат дека воланот ќе биде “пријател од доверба” и ќе ги извршува наредбите на сопственикот. Со помош на вградената вештачка интелигенција, Sayer ќе биде способен да изврши дури 100 задачи како во автомобилот, така и дома.

На пример, може да му се каже на воланот дека во осум часот имате состанок и истиот ќе организира автомобил да пристигне до вашиот дом во даденото време.

Од Jaguar велат дека доколку поседувате ваков волан би можеле да бидете дел од клуб каде членовите ќе ги делат своите автомобили со останатите или пак ќе имаат право да изнајмат автомобил доколку не поседуваат во моментот.

Производот е наречен според Малком Сејер, кој работеше како дизајнер во компанијата од 1951 до 1970 година. Sayer ќе биде прикажан на првиот технолошки фестивал на Jaguar Land Rover што се одржува во колеџот Central Saint Martins, во Лондон од осми до десетти септември.