Sberbank се повлекува од Европа

32

Руската Sberbank планира да ја намали присутноста на европскиот банкарски пазар за една или де години поради влошување на геополитичките услови.

Тоа во разговор за руската новинска агенција ТАСС го изјави Лев Хасис, прв заменик претседател на управата на најголемата руска банка.

“Веќе ја напуштивме Турција. Рековме дека разгледуваме како да ја намалиме присутноста во Европа и тоа за период од една до две години“, рекол тој.

Sberbank е присутен во Европа со банкарската групација Sberbank Europe Group, што има седиште во Виена и е во нејзина сопственост. Групацијата е присутна на осум европски пазари и тоа во: Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Унгарија, Словенија, Србија и Германија.

Според податоците од крајот на 2019 година, има повеќе од 3.900 вработени и 740.000 клиенти.

Sberbank Europe е дел од банкарската групација на Sberbank во 2012 година, кога најголемата банка во Русија и една од водечките во светот со повеќе од 96 милиони клиенти во 20 земји, ја купи австриската банкарска групација Volksbank, пренесува Indikator.ba.

Фото: Facebook