Сбербанк се повлекува од Словенија

26

sberbank

Руската Сбербанк, која во 2012 ја купи локалната подружница на австриската Volksbank во Словенија, по три години одлучи да се повлече од малиот финансиски пазар, во кој има удел од 4,5%.

Според пишувањето на љубљански Дневник, банката се повлекува поради релативно малиот пазар и ограничените можности за раст.

Сбербанк Словенија во првите шест месеци од оваа година имаше биланс од 1,94 милијарди евра, по што е осма банка во земјата. Минатата година имаше добивка од 6,9 милиони евра.

За преземање на нејзиното портфолио, како што пишува Дневник, наводно се заинтересирани американскиот инвестициски фонд Apollo кој неодамна ја купи Нова кредитна банка Марибор и руската банка Експобанк.