Scania развива систем од електрични возила што се “менуваат“ во зависност од потребите

189

Шведската компанија Scania, е во процес на развивање на автономни електрични возила што се приспособуваат според транспортните потреби. Таканаречениот NXT систем планирано е да биде готов до 2030 година, а целта на брендот е да реши два големи транспортни проблеми- метежот и загадувањето.

Со помош на мултифункционалното возило, како што велат оттаму, ќе се елиминираат штетните гасови од воздухот и би се “тргнале“ големите камиони и автобуси од патиштата. NXT е замислено да функционира преку предни и задни модули коишто ќе бидат компатибилни со “телото“ на автобусите, на транспортните камиони и камионите за отпад.

Таканаречните оски ќе вклучуваат систем за возење и управување, додека во телото, или основата на возилото ќе се наоѓа батеријата што ќе се полни кога возилото не вози. На тој начин тоа ќе биде спремно да се движи штом се спои со оските.

Scania креираше концепт на автономен, електричен автобус којшто е долг осум метри, може да смести 55 патници и е опремен со батерија од 162-kWh. Модуларното возило поминува 245-km со едно полнење, има интегрирано инфрацрвен систем за греење и сончеви панели. Освен тоа опремен е со низа камери и радари како и систем за комуникација со патниците којшто ги дава сите потребни информации за време на возењето.

Фото Scania