Се бара одобрение од ЕУ за шеста доза од шишенцето на вакцината на Pfizer

59

Од Европската унија е побарано да дозволи од секое шишенце вакцина против коронавирусот од Pfizer и BioNTech да може да се извлече дополнителна шеста доза, што е дозволено насекаде и да се овозможи подобро искористување на оскудните залихи.

Експертите тврдат дека од секое шишенце може да се извадат шест дози, додека Европската агенција за лекови одобри пет.

Германскиот производител на вакцини, BioNTech рекол дека секое шишенце со сигурност содржи пет дози, но можно е со вистинска игла и шприц да се извлече и шеста доза.

Слично одобрение издале и регулаторни тела во САД, Велика Британија, Швајцарија и Израел, кои започнаа со вакцинирање пред ЕУ.

ЕУ склучи договори за купување на две милијарди дози вакцини.

Фото: Freepik