Се бара сопственикот на најстарата Ford Fiesta

4

fiesta-40th

Компанијата Ми-Да Гранд Моторс организира „потрага“ по најстарата Ford Fiesta во Република Македонија по повод одбележување на 40 години од производството на првиот автомобил.

Со кампањата Трагаме по сопственикот на најстарата Ford Fiesta се повикува секој што поседува Fiesta да се пријави на официјалната Facebook страница на Ми-Да Гранд Моторс, каде ќе остави основни податоци (име и презиме), за возилото (година на производство и фотографија). За да се пријават, тие ќе треба да постираат слика од својата Fiesta на Facebook страната Ford Macedonia. За секој кој ќе учествува следува симболична награда.

„Откако ќе го пронајдеме сопственикот на најстарата Fiesta во Република Македонија, победникот ќе добие целокупен третман за возилото и други подароци. Сакаме да го најдеме овој сопственик и да го презентираме возилото пред македонската јавност, затоа што тој/таа е човекот кој ја сочувал историјата на Ford Fiesta на овие простори и се уште се грижи за ова возило“, вели Предраг Николовски, маркетинг менаџер во Ми-Да Гранд Моторс.

Новата генерација Ford Fiesta веќе е најавена за следната година. Инаку и Македонија се вклучи во глобалното одбележување на јубилејот 40 години Ford Fiesta, преку организирање на кампањата СЛАВИМЕ FEISTA, која досега е продадена во околу 17 милиони примероци. Ова возило е најпродавано мало возило во Европа и еден од најпопуларните автомобили во светот. На сопствениците им нуди стил, економичност и квалитетни перформанси.