Се ближи јубилеј на фирмата… Како да организирате соодветна прослава?

147

Јубилеите претставуваат важни датуми коишто се одбележуваат и во приватниот и во професионалниот живот.

Ако сте сопственик на компанија и имате важен јубилеј којшто заслужува да биде одбележан, треба да дефинирате точен буџет и датум кога треба да се случи настанот. Сè започнува со дефинирање на сумата што е планирано да се потроши. Па така полесно ќе можете да ги изберете сите важни детали.

Важна е локацијата, па треба да водите сметка за: капацитетот (колку гости планирате, а колку собира местото), локацијата (дали гостите лесно може да го најдат и да стигнат до таму), опремата (озвучување, светло, дополнителни ефекти)…

Во процесот на планирање, треба да одредите неколку од вашите вработени кои ќе бидат задолжени за тоа или да ангажирате професионалци за таа намена. Важно е да е се одреди бројот, но и видот на гости кои ќе бидат поканети. Од вработените, нивни пријатели, преку соработници, клиенти, до официјални гости, претставници на властите и слично.

Во однос на самиот настан, важно е да ја дефинирате агендата, дали ќе има обраќања пред присутните, дали ќе биде формален или неформален начинот на дружење и интеракција со гостите, ќе има музика, дополнителни активности, подароци…

На крајот, важно е на соодветен начин да го одбележите јубилејот што ви е значаен и тој момент да го споделите со луѓето кои ви се важни. Останатото нека бидат финеси и детали што ќе влијаат на имиџот на вашиот бренд.

Фото: Pixabay