Се намалува бројот на издадени одобренија за градење во април

15

Во април оваа година се издадени 205 одобренија за градење, што е за 14,9% помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 12.548.297.000 денари, што е за 353,1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Зголемената предвидена вредност се должи на изградбата на останатите делници од новите два капитални проекта за автопати.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 130 односно 63,4% се наменети за објекти од високоградба, 37 т.е. 18,1% за објекти од нискоградба и 38 или 18,5% за објекти за реконструкција.

Од вкупно 205 објекти, на 131 односно 63,9% како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 74 објекти или 36,1% инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 422 станови со вкупна корисна површина од 36.734 метри квадратни.