Владата денеска усвои измена на уредба со којашто се продолжува рокот за аплицирање за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година од 31 мај, на 30 јуни 2021 година со цел да се овозможи сите земјоделски стопанства да аплицираат за финансиска поддршка.
Воедно се прави измена и се намалува бројот на пчелни семејства од 15 пчелни семејства на пет пчелни семејства за производители кои имаат ограничени услови на производство.
Фото: Pexels














