Се очекува намалување на бројот на вработени во преработувачката индустрија

17

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2021 година е зголемен за 0,1 процентни поени во однос на април 2021 година и изнесува 14,8, а во однос на мај 2020 година е зголемен за 1,8 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај 2021, во однос на април 2021 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во мај 2021 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на мај 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2021 година изнесува 71,3% од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20,5%, неизвесното економско опкружување со 16,3%, недостигот на квалификувана работна сила со 15,6% и недоволната домашна побарувачка со 14,4%.

Фото: Freepik