Се очекува зголемување на бројот на вработени во градежништвото

32

Се очекува бројот на вработени во градежништвото да се зголеми во следните три месеци, покажува оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото направена во последното тримесечје од оваа година.

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни во однос на претходното тримесечје.

Индикаторот на доверба во четвртото тримесечје од 2019-та година е повисок за 0,6 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а е повисок за 1,6 процентен поен во однос на истиот период лани.

Оценката за економската состојба во четвртото тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а е поповолна и во однос на четвртото тримесечје од 2018 година.

Сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти, како и финансиската состојба е поповолна во однос на претходното тримесечје.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата.

Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: нема побарувачка со 18,2ж%, зголемени трошоци за материјали со 17,4% недостиг на обучен кадар со 16,7% и зголемени трошоци за труд со 14,7%.

Фото: Pexels