Се одржува првиот саем за автоделови во Македонија

31

160527_MKM_pr1За прв пат во Македонија, во Хотел Александар Палас се одржува саем за автоделови на кој ќе се претстават 22 изложувачи – реномирани производители на автоделови од Европа, најголем дел од Германија, стои во соопштението.

Организатори и носители на настанот се трите реномирани дистрибутери на авто делови, Мега Ауто Партс, Крис и Том и СР Мега Ауто, членки на GAU International, компании кои повеќе од две децении се доверлив партнер на македонските компании и поединци, обезбедувајќи квалитетни и професионална авто услуга, потпирајќи се на долгогодишното искуство и имплементацијата на новите технологии во автомобилската сервисна индустрија. Овие компании се и увозници и дистрибутери на високо – квалитетни автоделови за патнички и моторни возила од повеќе светски брендови.

Мотивот за организирање на ваков настан е претставување на најновите автоделови од автомобилската индустрија, пред сè квалитетни авто производи што обезбедуваат поголема безбедност, сигурност и подобри перформанси на автомобилите и останатите моторни возила, а кои се увезуваат во Македонија.

Саемот е наменет за редовните и потенцијалните клиенти, како што се продавниците за автоделови од разни градови од државата, сервисери на моторни возила и сите оние компании и поединци кои поседуваат возен парк и потреба од  квалитетен сервис на автоделови.

Безбедноста и сигурноста при патувањето е бесценета, нешто со што не треба да се прави компромис. Токму поради тоа, кога се купуваат авто делови тие треба да бидат квалитетни, од проверени реномирани производители. Кога тие се купуваат од овластени сервисери, знаат да бидат и поевтини, а секако долгорочно да придонесат кон заштеди, истакнуваат организаторите на овој прв саем на авто делови. Целта на организаторите е да ги претстават и издвојат производителите на автоделови кои произведуваат делови за овластените сервиси од оние трговци кои се обидуваат да котираат на пазарот со слични производи, но со сомнително потекло на производство.

Бидејќи безбедноста во сообраќајот е бесценета, авто индустријата треба да цели кон највисоки стандарди. Токму затоа, намерата на организаторите во иднина е саемот за автоделови да стане клучно место за средба на квалитетот на двете страни.