Се подготвува нов закон за работни односи – ќе се решат ли фиктивните откази

168

Министерството за труд и социјална политика подготвува нов Закон за работни односи, за спорните спогодбени откази, според којшто нема да може да има фиктивна спогодба направена од несовесен газда, објави Алсат.

Во случај на таков отказ, работникот не може да добие помош од државата при пријавување во Агенцијата за вработување, особено што имало случаи кога уште во моментот на вработувањето работникот потпишува празен лист, кој потоа фирмата го искористила за лажен спогодбен отказ.

“Спогодба треба да се потпишува на денот на престанокот на работниот однос и истата да содржи своерачно напишано име и презиме на работникот и работодавачот, своерачно напишан датум на престанокот на работниот однос од работникот и работодавачот и своерачни потписи на работникот и работодавачот“, велат од Министерство за труд и социјална политика.

Спогодбата ќе мора да содржи и одредба за последиците кои ќе настанат за работникот околу правата за осигурување во случај на невработеност.

Фото: Pixabay