Сè поголемо учеството на златото во девизните резерви на централните банки

99

Расте учеството на златото во девизните резерви на централните банки во светски рамки, достигнувајќи максимум во последните 31 година.

Истовремено, уделот на доларите во девизните резерви на земјите паѓа.

Банките ги зголемија златните резерви за 4.500 тони во последната деценија, покажуваат податоците на Светскиот совет за злато.

Во септември 2021 година, вкупните резерви на злато изнесуваа 36.000 тони, што е највисоко од 1990 година и се зголемија за 15 отсто во споредба со 10 години порано.

Учеството на доларите во девизните резерви нагло падна во последните 10 години, па во 2020 година достигна најниско ниво во последниот четврт век, пренесува Спутник.

Аналитичарите велат дека централните банки, особено во земјите во развој, продолжуваат да се префрлаат на злато како резултат на глобалната загриженост за монетарниот режим заснован на доларот. Во првите девет месеци од 2021 година, Тајланд купи 90 тони злато, Индија 70, Бразил 60.

Зголемувањето на учеството на златото започна особено по светската економска криза во 2008 година. Цените на златото остануваат стабилни, а една унца чинела 1.806 долари на 30 декември 2021 година.