Се појави првиот инвеститор кој дава пари за универзален основен доход

110

Извршниот директор на Twitter, Џек Дорси стана првиот инвеститор што на луѓето им дава универзален основен доход, без оглед на нивниот работен статус. Тој најави дека ќе донира три милиони долари на група градоначалници од повеќе од 10 американски градови кои планираат да започнат пилот-програми за распределување универзален основен доход на своите граѓани и кои ќе лобираат за тоа да биде опција на национално ниво.

Според нив, оваа пилот програма би можела да зафати околу седум милиони Американци во Лос Анџелес, Атланта, Њу Џерси, Мисисипи…

Давањето загарантиран приход би можело да ги извлече луѓето од сиромаштија и да ги ублажи економските последици од пандемијата на коронавирусoт, иако сè уште не е прецизирано кој би можел да прима приход и во која сума.

Фото: Twitter