Се продава познатиот синџир „The Body Shop“?

Бразилскиот конгломерат за убавина Natura & Co размислува да го продаде познатиот синџир на козметика The Body Shop откако брендот доживеа уште еден круг на опаѓање на продажбата, се вели во пријавата за хартии од вредност.

„Natura & Co“, инаку, ги поседува и брендовите „Avon“ и „Natura“, а во тек е и продажба на својата козметичка линија „Aesop“ на групацијата „L’Oreal“, наведуваат во поднесокот.

Како што е наведено, одборот на бразилската корпорација „неодамна го овласти своето раководство да истражува стратешки алтернативи за The Body Shop“, а тие алтернативи вклучуваат „потенцијална продажба на бизнисот“, се наведува понатаму во документот, како што објави CNBC.

„Натура нема намера да коментира или да дава ажурирања во врска со ова прашање, освен ако и додека не утврди дека дополнителното откривање е соодветно или неопходно“, се вели во поднесокот.

Инаку, на крајот на минатата година, конгломератот од Сао Паоло ги демантираше гласините дека размислува за продажба на „The Body Shop“. Но, една година подоцна, таа сè уште бара купувач, бидејќи продажбата на брендот се намали во многу квартали.

Компанијата ги објави резултатите од вториот квартал на 15 август и соопшти дека продажбата во The Body Shop паднала за 12% до 800 милиони бразилски реали, или 163,7 милиони долари.

Брендот, кој продава природни производи за кожа/коса, како и шминка, има големо влијание во САД, како и низ целиот свет.